ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

  • 0
  • 1
prev
next

Информации за организацијата домаќин

News image

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) е државна институција, основана за реализација на Програмата за мерки и активности за поддршка на претприемништвото и создавање конкурентност на малото стопанство во Република Маке...

Повеќе

Информации за организацијата домаќин

News image

ПСМ проектот има за цел да го зајакне локалниот иновативен систем во Македонија со стимулирање на претприемништвото меѓу младите, нудејќи им комплементарни активности кои би го олесниле формирањето на нови ...

Повеќе
Дали функционира бизнис инкубацијата?
 
Посетете ја регионалната конференција за улогата на бизнис инкубаторите во обезбедување нови можности за вработување кај младите и развој на малите и средните бизнис и претприемништвото во регионот. Истражувањето беше дел од проектот Бизнис инкубатори- успешен модел за креирање на поволна околина за локален и регионален економски развој. Главната цел на проектот е да се зголеми јавната свест за улогата која ја имаат бизнис инкубаторите во регионот и економијата на земјата и таа ќе биде остварена преку:
  • Подобрување на видливоста на моделот на бизнис инкубација како инструмент за локален и економски развој
  • Стимулирање на само- вработување кај младите во локалната заедница како алтернативен пристап за зголемување на вработеноста и одливот на стручни кадри
  • Препознавање на важноста од учеството на академските институции, бизнисот и јавниот сектор, локалната и централната власт во креирањето на модел за бизнис инкубација како значаен инструмент за економски развој
  • Креирање на унифицирана методологија за нивото на претприемнички развој кој може да биде употребува како мерило за стандарди.За да ја погледнете агендата на настанот кликнете тука
 
 
Колку се подготвени за инвестиции микро, малите и средните претпријатија во земјите од југоисточниот регион од Европа?


Истражувањето дава информации за нивото на моменталната подготвеност на микро, малите и средните претпријатија во седум земји од југоисточна Европа: Бугарија, Романија, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, за инвестиции од бизнис ангели и ризични капитални фондови; и ги идентификува факторите кои се причина за ниското ниво на подготвеност; и да даде препораки за подобрување на подготвување на микро, малите и средните претпријатија во таргетираните земји за добивање инвестиции од бизнис ангели и ризични капитални фондови.

Истражувањето треба да резултира во разбирлив компаративен извештај за инвестициска подготвеност на ММСП во седум земји од југоисточна Европа, со анализа на ситуацијата во моментот и препораки за мерки за промоција на капитални инвестиции.

За да ја погледнете агендата на настанот кликнете тука

 

 
Добитник на Нобелова Награда се приклучува на Глобалната недела на претприемништвото

http://i1016.photobucket.com/albums/af286/gew2009/muhammadyunus.jpg
Добитникот на нобелова награда Др. Мухамед Јунус ќе учествува на конференција во Русија за време на Гловалната недела на претприемништвото. Јунус беше повикан поради неговиот труд да обезбеди економски и социјален развој во светот. Тој е исто така член на одборот на директори на Фондацијата Обединети Нации. Темата на конференцијата ќе биде „Улога на микрофинансирањето во надминување на економско- финансиската криза“ и исто така, ќе ги воведе и другите водечки екперти во полето на микрофинансирање.
 
 
Средношколците се вклучуваат на Глобалната недела на претприемништвото 2009

Учениците од повеќе гимназии, средните економски и стручни училишта  во Скопје  ќе бидат директно инволвирани во Глобалната недела на претприемништвото. Секој ученик има право да учествува во Натпреварот за бизнис идеја, и само во максимум 300 зборови да ја претстави истата. Идеите ќе бидат евалуирани од стручни лица и трите најдобри идеи ќе бидат наградени со сертифицирана обука CISCO “Започнување бизнис” каде ќе имаат можност дополнително да ги доразвијат своите претприемнички вештини и да ја претстават својата идеjа преку одлично изработен бизнис план. Победничките идеи ќе бидат презентирани во Мулти бизнис центарот на Скопскиот саем на 20 Ноември 2009, на една од сесиите во рамките на ГНП. Сите учесници ќе бидат поканети на заедничка сесија, каде практичнo ќе биде објаснето отпочнувањето сопствен бизнис, улогата на бизнис инкубаторот, како и припремување на апликацијата за постанување фирма-станар на бизнис инкубаторот.
 
 
 
Доделени се наградите за најдобар бизнис план

Во рамките на
CISCO “Starting a business” обуката, се одржа натпревар во бизнис план и најдобрите 3 планови се наградени со финансиска награда, како помош за остварување на бизнис идејата. Победниците на натпреварот се следниве:

I место: Бојан Мицовски

II место: Гордана Трајковска

III место: Игор Крстев

Цел на одржувањето на натпреварот беше поттикнување на претприемачкиот дух, преку стимулирање на младите креативни луѓе, своите идеи да реализираат во успешен бизнис, како начин на обезбедување средства за егзистенција за себе и за своето семејство, истовремено остварувајќи го својот сон.

 

ГНП 2008 - БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА 2009

Глобална недела на претприемништво 2008

Дидие Фермирен- млад човек со огромно искуство во бизнисот...

Џоан Гилман- втората жена во светот која воопшто се обратила јавно на мажите во Саудиска Арабија…

Роџер Коудри- човек со вистинска страст кон претприемништвтото и кој знае како да ја шири меѓу другите луѓе...

 

Александар Марјановиќво изнајмен стан и со шест стари компјутери ја основа Академијата која денес работодавците ја сметаат за прв избор за ИТ кадри


Филип Петрески еден од виновниците за кампањата која не разбуди и потсети дека Додека пишувам на кирилица, постојам (наградена кампања на Фесто – фестивалот за комуникации)…


Кристијан Даниловскиединствениот Македонец номиниран за Еми за анимациите во Авијатичар, со групен Оскар зад себе…



Илијанчо Гаговски – македонскиот Бил Гејтс, кој успеа брендот Мајкрософт да го направи составен дел од македонското општество…
 
Мијалче Санта – човекот идеја, за само 15 минути ќе успее да ве мотивира да станете и да отидете во освојување кон вашиот бизнис сон


Љупчо Зиков– човек кој веќе десет години реално ја прикажува сликата за македонската економија, човек кој бара и пронајде многу херои кои веруваат во македонскиот сон



Винка Саздова– жената која веќе 10 години ги носи најпознатите светски бестселери на полиците во вашиот дом, оваа година го издаде и својот прв роман…
 


Јордан Трајков - совршениот вкус на врвно Македонско вино и несекојдневен вински туризам…

 

 

Венера Крлиу– со само 26 години успешно прави совршен спој од уметност, психологија и менаџмент
 
 
Лскова Благица – рекламата е исплатлива само ако ја пренесува вистинската психолошка порака. Прашајте, за да знаете како успешно да размислувате во денешниот бизнис свет…


Дејан Василев- човек со искуство колку сто многумина не можат ни да замислат: советник, лидер, консултант...
 


 
Урош Ташев „Кој пробал знае!“ – неговите млади иновативни идеи придонесоа Жито Вардар да стане препознатлив бренд на нашиот пазар и да ги доближи производите до сите купувачи

Билјана Костовска- пример за секоја млада жена, како сигурно и смело да чекори кон успехот...

 

Јадранко Бојановиќ- програмер на основно ниво кој прерасна експерт кој го пренесува и шири своето знаење и експертиза...

 

Предраг Ристиќ- млад, едуциран, способен, успешен и искусен бизнисмен...