Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) од 11- 13 Ноември 2011 - втор Startup Weekend во Македонија.
Најдобриот тим ќе биде награден со 4iPad 16GB донирани од Владата на Република Македонија преку проектот Осмели се!, 10 часа консалтинг и обуки од ИТЦ Консалтинг, 2 недели користење на просторот на MB Office и лиценци Касперски за секој учесник од Кабтел.
Настанот е конципиран да им овозможи пристап до ресурсите и алатките кои се потребни за развој на успешна компанија и да ги поврзе со експерти од заедницата без никаков трошок. Microsoft BizSpark е програмска помош на идната генерација на софтверски компании со цел да им помогне и да ги поддржи во почетоците на нивниот бизнис.
Настанот е насочен кон млади програмери кои би сакале да започнат сопствен бизнис или пак претприемачи кои се во почетокот на развој на својата ИТ компанија.
Настан на кој студентите од факултетите со креативни насоки, ќе имаат можност да ги презентираат своите дела на тема: Влези во светот на претприемништвото! Стани претприемач!
Делата ќе бидат изработени во две категории, графички дизајн и 3Д анимации. Секој учесник ќе им можност да се презентира пред жири комисијата која ќе одлучи за најдоброто дело од секоја категорија, на кои ќе им бидат доделени награди.
Бизнис speed dating е неформален настан каде во релаксирана атмосфера се среќаваат значајни и успешни бизнисмени со млад луѓе кои сакаат да научат од нивните идоли. Времето е ограничено на максимум 10 минути по бизнисмен и целото времетраење на настанот е час и половина. Следејќи традиционален speed dating формат, учесниците на настанот поминуваат серија на средби еден- на- еден при што сите меѓусебно се запознаваат.
За повеќе информации кликнете тука.