Последни вести

  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next

Претприемништво, креативност, иновација

 Клучната идеја на конференцијата е:

  • да ја претстави на публиката разноликоста на индустрии во претприемништвото,
  • да поттикне храброст за преземање на иницијатива за почеток на бизнис,
  • да инспирира идејата за претоварање на страста во бизнис,
  • да ја воочи големината и широчината на полето на услуги
  • да и се спротивстави на општиот песимизам и психолошка рецесија
  • да потсети дека визиите се остварливи со упорност и труд.
Прочитај повеќе

ГНП Свечено отварање

Отварањето на Глобалната недела на претприемништвото ќе биде модерирано од страна на економски новинар, а говорници на настанот ќе бидат:

  • Министерот за Економија, Г-дин Ваљон Сарачини
  • Амбасадорот на Кралството Норвешка, Неговaта Екселенција Кјетил Паулсен
  • Муарем Муртезани, директор и сопственик на Алма- М 
  • Г-дин Љупчо Деспотовски, извршен директор на ПСМ Фондација
Место: Хотел Холидеј Инн 
Град: Скопје
Почеток: 11 часот
 

Startup Weekend - за сите млади луѓе со амбиција!

 Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) од 11- 13 Ноември 2011 - втор Startup Weekend во Македонија.

 
Најдобриот тим ќе биде награден со 4iPad 16GB донирани од Владата на Република Македонија преку проектот Осмели се!, 10 часа консалтинг и обуки од ИТЦ Консалтинг, 2 недели користење на просторот на MB Office и лиценци Касперски за секој учесник од Кабтел.
 
Повеќе информации можете да добиете на http://skopje.startupweekend.org/.
 
 

Microsoft BizSpark camp

Настанот е конципиран да им овозможи пристап до ресурсите и алатките кои се потребни за развој на успешна компанија и да ги поврзе со експерти од заедницата без никаков трошок. Microsoft BizSpark е програмска помош на идната генерација на софтверски компании со цел да им помогне и да ги поддржи во почетоците на нивниот бизнис.
Настанот е насочен кон млади програмери кои би сакале да започнат сопствен бизнис или пак претприемачи кои се во почетокот на развој на својата ИТ компанија.
 
За повеќе информации кликнете тука.
  

Креативно претприемништво

Настан на кој студентите од факултетите со креативни насоки, ќе имаат можност да ги презентираат своите дела на тема: Влези во светот на претприемништвото! Стани претприемач! 
Делата ќе бидат изработени во две категории, графички дизајн и 3Д анимации. Секој учесник ќе им можност да се презентира пред жири комисијата која ќе одлучи за најдоброто дело од секоја категорија, на кои ќе им бидат доделени награди.
 
За повеќе информации кликнете тука.         

Business speed dating

Бизнис speed dating е неформален настан каде во релаксирана атмосфера се среќаваат значајни и успешни бизнисмени со млад луѓе кои сакаат да научат од нивните идоли. Времето е ограничено на максимум 10 минути по бизнисмен и целото времетраење на настанот е час и половина. Следејќи традиционален speed dating формат, учесниците на настанот поминуваат серија на средби еден- на- еден при што сите меѓусебно се запознаваат.
За повеќе информации кликнете тука

Одбројување до ГНП

GEW starts in 11.14.2011 12:00 -84 Ден

СТАРТАП ВИКЕНД

Банер












Oрганизатори
Поддржано од
Стратегиски партнери
Златни спонзори
Сребрени спонзори
Медиумски спонзори