Глобална недела на претприемништво
За нас

Глобална недела на претприемаштво (16- 22 Ноември 2009) претставува глобален настан чија цел е отпочнување на идеи за претприемаштво на младите луѓе и адресирање на најголемите општествени тематски идеи за намалување на сиромаштијата преку климатските промени. Повеќе од 70 земји се во тек да потпишат за спроведување на нивна сопствена верзија за неделата на претприемаштво. Овој настан по втор пат ќе се одржи во Македонија и повеќе од 30 организации ќе спроведат настани и активности за да ги охрабрат луѓето за реализирање на нивните сопствени идеи. Ова може да започне нов бизнис или општо претприемништво или да се реализираат идеи на работното место.

Доколку имате прашања за Неделата на Претприемаштво, проверете ја страната Прашања.

 

Подразбираме да се има идеа и нивно реализирање. Вештините кои ги уптребуваме за да го објасниме претприемаштвото се:

·   креативност

·   решавање проблеми

·   ризикување

·   финансиска способност

·   снаодливост

·   иницијативност

·   продавање идеи

Младите луѓе нивните вештини за претприемаштво може да ги употребат во многу области од нивниот живот: на работа, дома или во образованието. Сите овие важни способности ќе му помогнат на човекот да ја оствари својата цел.

 

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) www.apprm.gov.mk и Претприемачкиот сервис за млади (ПСМ) Фондација (www.yesicubator,org.mk ) се двете организации кои ќе работат на организирање и поддржување на овој настан во Македонија. Двете организации ќе работат на мотивирањето на луѓе кои имаат идеи за нивно спроведување. Целта е креирање на култура која ги поддржува луѓето од претприемаштвото и можноста за препознавање дека правењето пари и имањето позитивно влијание врз општеството одат рака под рака.
 
Седум дена, четири цели

Инспирација.
Го претставуваме претприемништвото на младите со возраст под триесет кои поинаку не би го сметале за пат во кариерата.

Поврзување.
 
Ги поврзуваме младите луѓе и организациите преку националните граници да откријат нови идеи во пресекот на културата и дисциплините.

Менторство
.
Ние ги регрутираме активните и инспирирачки претприемачи од целиот свет за да ја обучуваат новата генерација на претприемнички талентио додека го следат својот сон.

Ангажирање. Ние им демонстрираме на лидерите кои го креираат мислењето и креаторите на политиката дека претприемниптвото е центар на силната национална економија и култура, и им ја даваме можноста да научат за взаемните претприемнички полиси и практики.
 

Лансирање

Оваа година, глобалниот настан- Глобалната недела на претприемништвото официјално започна на 17 Септември. Првиот настан-„ лансирањето“ се одржа во кафетеријата„ Ил Кафе ди Рома“, придружена од многу млади луѓе, пријатна атмосфера и неформален собир. Организацијата домаќин, ПСМ Фондацијата (www.yesincubator.org.mk), го објави почетокот на кампањата за Глобалната недела на претприемништвото 2009. Темата на настанот беше промоција на претприемнички веб портал (www.pretpiremac.mk), како дел од мисијата на ГНП; нејзината главна цел е зајакнување на претприемничкиот дух кај младите. Веб порталот го промовира претприемништвото- ви помага подобро да го разберете, ве обезбедува со повеќе информации, и потенцијално, ви помага да станете успешен претприемач и да го управувате вашиот бизнис во модерниот хаос. Исто така, се одржа прес конференција на која секоја компанија-с танар на ПСМ бизнис инкубаторот имаше можност да го промовира својот бизнис. Настанот привлече големо медиумско внимание и беше забележан од голем број млади луѓе.


 

 

 


GOLDEN SPONSORS

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

СРЕБРЕНИ СПОНЗОРИ

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

МЕДИУМСКИ СПОНЗОРИ

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ПОДДРЖАНО ОД

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер