Спикери:
Љупчо Деспотовски- Проектен менаџер на ПСМ Фондација, Македонија
Ристо Карајков- основач на Consulting- Macedonia, Македонија
Дејан Василев- генерален извршен директор на Eastisoft , Бугарија
Предраг Ристиќ- Seavus, Македонија
Претставник на Siveco, Романија
Дејан Ромих- генерален извршен директор на Mount Vacation, Словенија
Билјана Костовска- Bred Center, Македонија
Дидие Фермирен- основач на CashCollie, Organizer Pitch Arena, Partner Tsunami Ventures, Белгија
Др. Матеј Пенца- Horizonte Venture Management , Словенија
Антон Тодоров- Мрежа на бизнис ангели, Бугарија
Методиј Хаџи- Васков- Заменик министер за економија
Симоне Филипини- Холандски амбасадор во Република Македонија
Колку се подготвени за инвестиции микро, малите и средните претпријатија во земјите од југоисточниот регион од Европа: Македонија, Србија, Бугарија, Словенија, Босна и Херцеговина, Романија и Косово? Настанот ќе започне со презентација на општите резултати од истражувањето за регионот, а потоа следува претставување на современите hi-tech трендови на глобално ниво. Истражувањето и резултатите за секоја земја одделно ќе бидат претставени преку објанување на тоа колку е тешко да се креира иновативен призвод кој ќе успее на пазарот и факторите кои влијаат на процесот. Словенија ќе се презентира на посебен начин преку студии на случај и примери на компании кои имаат примено инвестции од бизнис ангели.
Во презентацијата на јасен процес на донесување одлуки во hi-tech цекторот во земните од Западен Балкан, од песрпектива на инвеститорот, ќе бидат претставени алтернативните извори на финансии. Гостинот од Белгија Дидие Фермирен- основач на CashCollie, Organizer Pitch Arena, Partner Tsunami Ventures ќе зборува за:
- Најдобрите начини на финансирање
- Што треба да биде направено за да се постигне повисок степен на успех
- Учење во групи
- Како да се зацврсти позицијата за добивање финансии
- Вештините кои се потребни за добивање финансии (вмрежување, претприемнички вештини)
Следува прикажување на критичните елементи кои треба да бидат земени во предвид за да се инкорпорира финансиската одржливост во бизнис моделот.
Оваа тема фокусирана на Бугарија ќе биде презентирана преку подготвеноста за инвестирање во hi-tech секторот во Бугарија, односот на понудата и побарувачката на биснис ангелите во ИЦТ секторот и проблемите кои се увидени во процесот на поврзување.
За да го посетите овој настан потребно е да се регистрирате.